Емотивно беше на синоќешната прес-конференција по ремито меѓу Хрватска и Италија кое значеше и речиси сигурна елиминација на „коцкестите“ од овој европски шампионат.
Лука Модриќ постигна гол, стана највозрасен стрелец во историјата на европските првенства, на крајот го доби и признанието за МВП на натпреварот, но хрватскиот капитен најубавиот подарок на вечерта го доби од еден италијански новинар, кој ја искористи прес-конференцијата, за „ода кон Лука“.
„Здраво Лука, би сакал да Ви се заблагодарам за се што покажавте, не само денеска, туку низ целата кариера. Уште еднаш испишавте историја како врвен фудбалер, дадовте гол иако претходно промашивте пенал. Би сакал да ве замолам никогаш да не ја завршите кариерата бидејќи сте еден од најдобрите фудбалери што сум имал шанса да ги коментирам. Ви благодарам“, му се обрати италијанскиот новинар на Модриќ, по што доби и аплаузи од останатите новинари.
Обраќањето на италијанскиот новинар кон Модриќ, како и одговорот на Хрватот, можете да го проследите на следното видео…
This was a truly beautiful moment in the post-match press conference ❤️#BBCEuros #Euro2024 #CROITA pic.twitter.com/K8VowAgm7m
— BBC Sport (@BBCSport) June 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА