Унгарците се во исчекување на разврската од останатите групи за да дознаат дали ќе се пласираат во осминафиналето како една од четирите најдобри третопласирани селекции во групите.
Во меѓувреме, селекторот Марко Роси и членовите на стручниот штаб, заедно со фудбалерот Ендре Ботка, заминаа во болницата во Штутгарт за да го посетат Барнабас Варга, по тешката повреда што унгарскиот голгетер ја заработи во второто полувреме од мечот со Шкотска.
Варга колабираше по судирот со шкотскиот голман, но благодарение на брзата интервенција на лекарите на теренот потоа беше пренесен во болницата во Штутгарт каде му беше извршен хируршки зафат по скрешниците на лицето.
Тој се наоѓа во добра состојба и во текот на утрешниот ден ќе ја напушти болницата, за Варга ова ЕП е завршено, но се очекува тој од трибините да ги бодри репрезентативните колеги доколку успеат да обезбедат осминафинале на ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА