Далиќ ја отвори душата: Секогаш работам чесно, знам дека ова е мој неуспех

Огромно е разочарувањето во хрватскиот табор по синоќешното реми со Италија, по кое „коцкастите“ се наоѓаат милиметри од елиминација од ЕВРО 2024. Судиските продолженија беа кобни за Далиќ и неговите избраници, откако Хрватите примија гол во 95. минута од Албанија, потоа и во 98. минута од Италија, останувајќи со само два освоени бода во првата фаза.

Далиќ беше разочаран од конечниот исход, но и максимално благодарен за поддршката од навивачите на овој шампионат…

„Ова беше тешка ноќ, не знам што би рекол. Одамна имам кажано дека поради утрата по вакви порази ќе се откажам од тренерскиот занает, но тоа е животот… Ништо нема да ме поколеба на мојот пат напред, ништо нема да ме запре, јас верувам во оваа репрезентација. Им честитав на моите момци, на трудот, на енергијата, што го оставија срцето ан терен. За жал, не можам да им честитам и за упехот. Благодарност до сите навивачи, особено на оние кои ни даваа поддршка од трибините, беа фантастични. Не знам дали Хрватска некогаш имала волку навивачи на своите натпревари во сранство. Ние имавме над 100.000 фанови во градовите каде што игравме, тоа е најдобар доказ дека оваа репрезентација е култ, симбол на нацијата. Им благодарам на сите, тоа е вистинскиот пат, тоа заедништво, сите ние имаме свои клубови за кои навиваме, но репрезентацијата е светост, таа е над се останато“, изјави Далиќ.

Следеше и прашање за тоа дали очекува да остане на чело на репрезентацијата и по овој резултатски неуспех, за што Златко Далиќ имаше подготвено одговор…

„Го знам својот пат, знам дека секогаш работам испrавно и чесно. Знам и дека одговорноста за она што се случи е моја, во целост, ова е мој неуспех. Јас со соработниците ги одредувам тактиката и играчите, одговорноста е моја, нема да барам никакво алиби. По многу успеси, дојде и еден неуспех. Знаев како да се однесувам за време на успесите, така и сега ќе се борам со неуспехот. Ќе бидам цврст и истраен“, порача кормиларот на „коцкестите“.

Јасно е, хрватскиот селектор нема намера да си поднесе оставка, а на челниците на федерацијата е да решат дали Далиќ ќе остане на чело на националниот тим и во иднина…

Се вчитува...