Бундеслигашот Штутгарт ова лето ќе остане без услугите на својот најдобар фудбалер Серху Гираси кој се одлучи да замине од клубот по одличната сезона во која постигна 28 голови со кои го вивна овој клуб до место кое води во Лигата на Шампиони.
Гираси е најблиску до потпис со Борусија Дортмунд, а доколку се реализира трансферот во редовите на „милионерите“ тогаш Штутгарт неговата замена ќе ја доведе токму од редовите на Борусија Дортмунд, пренесуваат германските медиуми.
Мета број еден на Штутгарт е искусниот 31-годишен германски репрезентативец Никлас Филкруг кој одличната форма од клупската сезона ја префрли и во репрезентативниот дрес постигнувајќи гол на средбата против Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА