Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси, се чини, го послуша поголемиот дел од српската фудбалска јавност и со огромен број промени во почетниот состав ќе им се спротистави на Данците во одлучувачкиот натпревар за пласман во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Пикси се одлучи на клупата да ги остави сите свои најголеми ѕвезди, капитенот Душан Тадиќ, но и фудбалерот за врска Сергеј Милинковиќ – Савиќ како и офанзивецот Душан Влаховиќ, сега настапувајќи со само еден класичен напаѓач – Александар Митровиќ.
Во средниот ред ќе бидат Живковиќ, Гудељ, Илиќ и Мијаиловиќ, а во нападот покрај Митровиќ, по крилните позиции ќе бидат Лукиќ и Самарџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА