Франција одигра бледо во групната фаза на Европското првенство 2024, ремизирајќи (1-1) со Полска во последното коло од Групата Д.
Франција поведува со 1-0 против веќе елиминираната Полска, благодарение на голот од пенал на Мбапе во 56. минута.
🚨GOAL: France 1-0 Poland!
MBAPPE SCORES HIS FIRST EURO GOAL! 🇫🇷 pic.twitter.com/XvS3oZRTwI
— Euro 24 Hub (@Euro24Hub) June 25, 2024
Но, Полска дојде до 1-1 со голот од пенал на Левандовски во 76. минута. Левандовски двапати шутираше, откако најпрво промаши но судијата одлучи да се прешутира пеналот, а потоа погоди во вториот обид за 1-1.
🚨🚨| GOAL; LEWANDOWSKI WITH THE EQUALISER!!!
France 1-1 Poland pic.twitter.com/ySQ4gZNVLZ
— FOOTBALL FOR EVERYONE (@FFEveryone_) June 25, 2024
Австрија, по победата од 3-2 против Холандија, со 6 бода, на крај заврши на првото место во Групата Д пред Франција со 5 бода, а Холандија како третопласирана со 4 бода и таа ќе оди во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА