Леброн Џејмс и во следните три години ќе го носи дресот на ЛА Лејкерс, откако „езерџиите“ одлучија да му понудат нов договор на својата прва „ѕвезда“, а во трите години Леброн ќе заработи 162 милиони долари.
39-годишниот кошаркар во првата сезона ќе заработува 50 милиони долари, во втората неговата плата ќе порасне на 54 милиони, додека во финалната сезона кога ќе има 41 година, неговата плата ќе биде 58 милиони долари.
Леброн е дел од Лејкерс веќе шест сезони, откако во 2018 година од Кливленд се пресели во ЛА Лејкерс. Претходно играше и во Мајами. Имаше најави дека можеби ќе го напушти клубот, и ќе бара нова опција, но неговите барања ќе бидат исполнети, и тој веројатно ќе остане дел од „езерџиите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА