Селекторот на младинската женска репрезентација Дарко Јанев, не го криеше разочарувањето по поразот од Црна Гора вечерва. Тој кажа дека е невозможно како неговата селекција покажа две различни лица и тоа за само два дена.
„Еден ден имаме феноменална игра до самиот крај, потоа следен ден играме меч кој мора да се бориме. Имавме добро прво полувреме, а во вториот дел како тотално да бевме други играчи, посебно во нападот. Одбраната функционираше некако, ама во нападот не бевме на ниво. Можеби некоја емоционална исцрпеност постои, но не смее да се дозволи такво нешто. Овие играчи се сениори или прераснуваат во сениори. Не смееме да си дозволуваме таков пад на играта, не е добро и за јавноста, да се претставуваме во две лица – едно добро, друго лошо и тоа во краток период“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА