Меси и Лаутаро ја однесоа Аргентина во 1/4 финалето на Копа Америка (ВИДЕО)

Аргентина е првата репрезентација која обезбеди четвртфинале на Копа Америка. Светскиот шампион и бранител на континенталната круна го совлада Чиле со 1:0 во Њу Џерси.

Решавачкиот гол беше постигнат во 88. минута. По корнерот кој го изведе Лионел Меси, по еден „карамбол“ во шеснаесетникот на Чиле најдобро се снајде Лаутаро Мартинез кој од неколку метри ја смести топката во мрежата.

Аргентинците имаа дури 21 удар кон противничкиот гол, но до самиот финиш не успеаја да најдат пат до противничката мрежа. Натпреварот го следеа повеќе од 80 илјади навивачи, а секако повеќе од 90 отсто и дадоа поддршка на Аргентина.

Во истата група, Канада дојде до првата победа, и ја совлада селекцијата на Перу. Сега за пласман во 1/4 финалето, Канаѓаните ќе играат против Чиле. Нив им одговоара нерешено, додека Чилеанците мора да триумфираат.

Се вчитува...