Драма на Копа Америка: Судијата колабираше на терен, голманот на Канада му помагаше

Додека Европското првенство се игра во Германија, Копа Америка се игра во САД, а драматично се снимаа натпреварите меѓу Перу и Канада.

Натпреварот се играше во Канзас на неподносливи горештини кои достигнаа и до 38 степени, а тоа беше премногу за Хумберто Пањо , помошниот судија од Гватемала, кој колабираше од жештините непосредно пред крајот на првото полувреме.

Максим Крепо, голманот на Канада, веднаш притрча до него и му укажа прва помош, а набрзо пристигна и лекарската служба. Пањој бил пренесен во болница, а сите тестови покажале дека за среќа немало поголеми последици. Тој колабирал од жештините и наскоро ќе биде пуштен од болница.

Пањој беше заменет со четвртиот судија, а Канада го доби натпреварот со 1:0.

Се вчитува...