Србија е едно од најголемите разочарувања на Европското првенство во Германија. „Орлите“ по долгогодишна пауза се вратија на собирот на најдобрите европски репрезентации и за квалитетниот тим очекувањата беа големи, но настапот заврши уште во групната фаза во која беа забележани пораз и две ремиња.
И покрај елиминацијата, голманот Предраг Рајковиќ смета дека Србија се претставила во добро светло и покажала како се игра за националниот дрес.
„Жал ми е навистина. Ова е феноменална група на момци. Вредно работевме, верувавме ов себе. Мислам дека заслуживаме да минеме во следната фаза, но не ни дозволија. Немам што многу да кажам. Покажавме како се борат Србите. Покажавме како се гине за Србија“, вели Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА