Грузијците, по ремито со Чешка (1-1) и поразот од Турција (1-3) вечерва од 21 часот само со победа против веќе пласираната Португалија може да се надеваат на место во осминафиналето на ЕВРО 2024.
Еден од најдобрите фудбалери на Грузијците, Хвича Кварацхелија, сепак не е многу загрижен за мечот нагласувајќи дека ќе одат секако на победа…
„Не сум загрижен затоа што отсекогаш беше мој сон да играм против Кристијано Роналдо. Затоа, сакам да уживам. Да, секако дека се надевам дека ќе победиме, а потоа Роналдо ќе ми го подари неговиот дрес“ – вели Кварацхелија пред денешниот меч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА