Трансфер-лудилото што владее во Челси откако американските газди го презедоа клубот ќе продолжи и летово, откако англиските медиуми објавија дека лондонските „сините“ се подготвуваат да го урнат рекордот за најскап трансфер во Премиер-лигата што самите го поставија минатото лето.
Моисес Каиседо се покажа како промашена инвестиција откако беа платени неверојатни 115 милиони фунти за овој фудбалер да биде доведен од Брајтон, но челниците на Челси немаат намера да запрат со трошење на огромни суми. Според последните информации, „сините“ тргнуваат во офанзива за потписот на Александар Исак, шведскиот напаѓач од тимот на Њукасл, за чии услуги се подготвени и да го урнат рекордот што самите го поставија лани.
Исак имаше извонредна сезона постигнувајќи 25 гола за Њукасл минатата сезона, поради што „црно-белите“ не сакаат да го продадат својот најдобар стрелец. Сепак, во Челси се убедени дека би можеле да го сменат ставот на раководството на Њукасл, подготвувајќи понуда од загарантирани 120 милиони евра со кои Исак би станал најскап фудбалер во историјата на Премиер-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА