Српските фудбалери уште еднаш доживеаја дебакл и завршија на последното место во групната фаза на Европското првенство во Германија, зад Англија, Данска и Словенија.
Според српските медиуми, Драган Стојковиќ – Пикси не е единствениот што ќе добие отказ, туку тоа ќе му се случи и на генералниот секретар Јован Шурбатовиќ.
Разрешувањето на Стојковиќ ќе го изгласа Извршниот одбор на ФСС, во кој членуваат Бранислав Недимовиќ, Јанош Жембери, Сандра Сремчевиќ, Бранко Зечевиќ, Дејан Делевиќ, Марко Здравковиќ, Небојша Живановиќ, Зојвановиќ, Љубиша Тумбаковиќ , Драгомир Лазовиќ и Владимир Петровиќ.
Покрај Пикси и Шурбатовиќ се очекува да има уште многу промени во Куќата на фудбалот на нашиот северен сосед.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА