Митровиќ и Рајковиќ демантираат: Не е точно дека нема да играме додека е Пикси селектор

Српската репрезентација се врати во Белград испратена со серија неразјаснети ситуации по елиминацијата уште во групната фаза на Европското првенство 2024.

И додека дел од српските медиуми информираат дека селекторот Драган Стојковиќ – Пикси е веќе поранешен, а претседателот на Србија, Александар Вучиќ се дрзна да коментира и лично за фудбалот, дури и тој најавувајќи промени во сојузот, од Фудбалскиот сојуз на Србија засега молк а Стојковиќ истакнува дека не планира да поднесе оставка.

Во меѓувреме се шпекулираше дека четворица стандардни првотимци изјавиле дека нема да играат повеќе додека селектор е Пикси. Но, по слетувањето во Белград, двајца од „бунтовниците“ кои се спомнуваа, капитенот Александар Митровиќ и голманот Предраг Рајковиќ, кој беше и најсветла српска точка на турнирот, го демантираа тоа.

„Разочарани сме, но ќе биде подобро. Не, не е точно дека нема да играм додека Пикси е селектор“ – истакна Рајковиќ пред српските медиуми, а истото го повтори и Митровиќ.

„Нема никаква вистина во тоа. Мислам дека смислено од медиумите се преувеличуваат сите работи“.

Се вчитува...