Поранешен тренер на Челси ја превзема репрезентацијата на Англија?

Англија предводена од Герет Саутгејт е едно од најголемите разочарувања на Европското првенство во Германија. „Гордиот Албион“ кој важи за еден од фаворитите за освојување на ЕВРО трофејот групната фаза ја помина со една победа и две ремиња постигнувајќи само два голови по што селекторот се најде на мета на критичарите поради лошата игра.

Евентуален неуспех на првенството речиси сигурно носи промена на селекторското место, пренесуваат англиските медиуми, а федерацијата веќе ја знае и замената за Саутгејт. Тоа е поранешниот тренер на Челси и Брајтон, Грем Потер.

Потер по чудото кое го направи со Брајтон доби шанса на клупата на Челси, но таму потфрли па замина по само неколку месеци. Младиот Англичанец е без ангажман од месец април 2023 година и чека повик за селекторско место.

Се вчитува...