Ангеловски по ждрепката: ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност, наша одговорност е да се покажеме на повисоко ниво!

Македонскиот првак Пелистер денеска ги дозна противниците за групната фаза од Лигата на Шампионите за сезоната 2024/25, на ждрепката што се одржа во Виена.

„Пелистерци“ можат да бидат презадоволни од исходот на денешното извлекување ако се знае дека се најдоа во полесната од двете групи, избегнувајќи ги последните два европски прваци, Магдебург и Барселона. „Зелено-белите“ ќе се сретнат со европските гиганти ПСЖ и Веспрем, а тука ќе биде и тимот на Берлин кој ќе добие шанса за настап во ЛШ откако во последните години со успех настапуваше во Европската лига на ЕХФ.

„Повторно сме во кремот на европскиот и светскиот ракомет и повторно звездата ќе свети во Битола и во Македонија. Иако шампионот на Македонија беше под линијата која гарантира директно учество во Лигата на шампионите, ЕХФ ја препозна нашата клупска сериозност. Благодарение на нашата целокупна организација на натпревари од највисок ранг, на нашата прекоректна публика, заедно со нашите верни навивачи „Чккембари”, кои секогаш несебично не бодреа до последна секунда и на крај искрено ја честитаа победата на гостите, сосема заслужено ни ја додели „вајлд-картата“ за повторно учество. Ова е само една одговорност повеќе за сите нас да покажеме уште повисоко ниво во сите сегменти од нашиот спорт, вклучувајќи ги и резултатите“ – изјави тренерот на Пелистер, Бранко Ангеловски по ждрепката, притоа дополнувајќи:

„Ова е еден огромен чекор напред и со играњето во Лигата на шампионите на македонскиот шампион, успеавме да го задржиме континуираното играње на македонскиот шампион во најдоброто натореварување“.

Се вчитува...