Испишана е историја во НБА лигата. Легендарниот Леброн Џејмс ќе игра заедно со својот син Брони Џејмс во дресот на ЛА Лејкерс.
ЛА Лејкерс го одбраа како 55. пик синот на Леброн, и со тоа за првпат во историјата татко и син ќе играат во иста НБА екипа во исто време.
Агентот на Леброн и Брони, Рич Пол им се заканувал на екипите дека Џејмс јуниор ќе игра во Австралија ако го одбере екипа која не се вика ЛА Лејкерс.
Па, никој не го зеде Брони, кој пред овој драфт беше рангиран како 72. проспект од оваа класа, а колку за потсетување на НБА драфтот има 60 пика.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА