Ламин Јамал веќе урна неколку рекорди на овој европски шампионат, а шпанското „чудо дете“ паралелно со настапот на ЕВРО 2024, се подготвуваше и за училишните завршни испити.
Последниот испит беше закажан за вчера, а „бисерот“ на Барселона успеа да го положи, па сега максимално фокусирано ќе влезе во нокаут фазата од европскиот шампионат.
„Ако стигнеме до финалето, нема веќе училиште“, на шега коментирал Јамал по честитките од репрезентативните колеги, пренесуваат шпанските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА