Фенербахче ги потврдува големите амбиции за наредната сезона откако турскиот гигант денеска осигура уште две големи засилувања, двете од редовите на Макаби Тел Авив.
Вејд Болдвин ќе биде нов поентер на тимот предводен од Шарунас Јасикевичиус, откако американскиот бек ја прифати понудата вредна над три милиони евра за двогодишна соработка со Фанербахче. Заедно со Болдвин од Макаби во Фенербахче потпиша и Бонзи Колсон, одличниот крилен кошаркар кој важеше за еден од лидерите на израелскиот клуб минатата сезона.
За Колсон овој трансфер претставува камбек во турската кошарка, каде настапуваше за Дарушафака во сезоната 2019/20, потоа и за екипата на Каршијака во 2021/22.
Фенербахче претходно потпиша договори и со тандемот на Олимпија Милано, Девин Хол и Николо Мели. Турскиот гигант во досегашниот дел од летово го напуштија Калатес (Монако), Сестина (Валенсија), Мотли (Хапоел) и Мадар (без клуб).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА