Женската ракометна репрезентација на Македонија до 20 години го заврши настапот на Светското првенство во Скопје на 16. место откако денеска во мечот за 15. место загуби од Кина со 25-23.
Нашите девојки подобро го отворија натпреварот па брзо успеаја да стигнат до позитива од три гола (3-6). Следуваше серија на Кинезинките, кои со 4-0, за првпат поведоа во мечот (7-6). До крајот на првиот дел се играше гол за гол, а Македонија на пауза замина со минимална предност од 11-12.
Одлично го стартувавме и вториот дел, па со два брзи гола во 33. минута повторно имавме плус три (11-14). Следеше нова серија на Кина која во 44. минута повторно стигна до водство (17-16). Кина до крајот успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 25-23.
Емилијана Ризоска со 11 гола беше најдобар поединец во нашиот табор, додека кај победникот шест гола постигна Жуанг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА