Канадскиот репрезентативец Ендрју Вигинс нема да може да и помогне на својата селекција на Олимписките игри во Париз, по интервенцијата на тимот за кој настапува – Голден Стејт Вориорс.
Вориорс сакаат да ја зачуваат вредноста на крилниот напаѓач бидејќи имаат намера да го трејдуваат. Во случај Вигинс да се повреди, прашање е дали би имало интерес за неговите услуги и колку би била полоша понудата во тој случај.
Вигинс беше вклучен во широкиот список на Канада, која ги започнува подготовките за Олимписките игри во петок.
Поранешниот прв пик на драфтот претходно играше за националниот тим за време на квалификацискиот турнир за ЛОИ во 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА