Во екот на шпекулациите за идниот статус на Драган Стојковиќ Пикси, кој се уште е селектор на српската фудбалска репрезентација, се појави интересна информација. „Спорт клуб“ пренесува дека Стојковиќ не планира да поднесе оставка по испаѓањето од групната фаза на ЕП во Германија, а доколку го направи тоа би го чинело дури 1.000.000 евра.
Имено, толку вреди едностраното раскинување на соработката од двете страни, па во тој случај Стојковиќ би можел да остане без вкупно речиси 2.000.000 евра, вклучувајќи го и отказот.
Веднаш по елиминацијата во Германија почнаа најавите дека Србија наскоро и официјално ќе остане без селектор, а ФСС ги разгледува сите потенцијални кандидати за наследник на Драган Стојковиќ, кој има важечки договор со Фудбалскиот сојуз на Србија до 2026 година. Договорот му беше продолжен пред неколку месеци.
Во меѓувреме тргнаа шпекулациите за негов наследник. Се споменуваше екс германскиот селектор Јоаким Лев, меѓутоа веднаш се појави и демант од Германија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА