Дефанзивецот со порака до челниците на „фармацевтите“: Сакам само во Баерн Минхен

Баер Леверкузен и Баерн Минхен остануваат во контакт за трансфер на одбранбениот играч Џонатан Та. Та е пред преселба во Баерн, но во Леверкузен стигнале неколку подобри понуди од финансиска природа од Саудиска Арабија и од Англија.

Меѓутоа ставот на дефанзивецот на германската репрезентација е јасен. Тој им порачал на челниците на Баер Леверкузен дека сака само во Баерн Минхен, и дека ниту една друга понуда не доаѓа во предвид.

Со Та, дефанзивата на Баерн ќе биде далеку посилна со оглед дека во последно време тој е првиот избор на Јулијан Нагелсман во одбраната на германската репрезентација.

Се вчитува...