Бразилецот си заминува од Јувентус

Бразилскиот играч од средниот ред Артур Мело, си заминува од Јувентус. За него нема место кај новиот тренер Тиаго Мота, и затоа ќе си бара нова средина.

27-годишниот Мело од Барселона дојде во Јувентус пред четири години како големо засилување, но нималку не ги оправда очекувањата. Тој беше позајмуван во Ливерпул и во Фиорентина.

Токму „виолетовите“ размислуваат да го откупат неговиот договор. Минатата сезона за Фиорентина одигра 33 натпревари. Тој има уште две години од договорот со Јувентус, но сега и дефнитивно заминува.

Фиорентина се надева дека ќе може да го има за 10-15 милиони фунти, или далеку под сумата која го откупи од Барселона – околу 55 милиони евра.

Се вчитува...