Екипата на ПСЖ оди „на се или ништо“ и нуди астрономски 250 милиони евра за Ламин Јамал. Бисерот на Барселона кој со 16 години блеска и на актуелното ЕВРО, е меѓу најдобрите на турнирот, а неговата цена само расте од ден на ден.
ПСЖ некогаш нудеше 200, а сега нуди 50 повеќе за да го добие потписот на талентот, но и тоа нема да биде доволно.
Барселона по никоја цена не сака да се откаже од Јамал, па дури и ќе му ја даде „десетката“ во оној момент кога Ансу Фати ќе си замине од клубот. Самиот Јамал истакнува дека тоа би му било остварување на сонот.
„Да ја носам десетката на Барселона би било голема чест. Таа бројка е сон на секој играч, нешто кое не се одбива“, рече Јамал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА