Проблемите во составот со кои се соочи италијанскиот селектор Лучијано Спалети, придонесоа да има неколку измени во однос на составот кој играше во групната фаза.
Така на местото на Калафиори, ќе игра Манчини, додека Дармијан на левата бековска позиција ќе го замени Димарко, кој се жалеше на повреда. Исто така во средниот ред можеби изненадување е Фаџоли.
Матиа Закањи, играчот кој ја „реши“ Хрватска овој пат ќе чека шанса од клупата.
За разлика од Италија, Швајцарија не менува многу во составот. Најистурен во нападот е Брел Емболо кој ќе треба да биде задолжен за голови, додека Џердан Шаќири се најде на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА