Расел Вестбрук останува во ЛА Клиперс

Американскиот плејмејкер Расел Вестбрук останува член на Лос Анџелес Клиперс. Како што пренесува Адријан Војнаровски, Расел Вестбрук ќе продолжи да биде дел од Лос Анџелес Клиперс.

Клиперси стравуваат дека би можеле да го загубат Пол Џорџ ова лето, но се договорија со популарниот „Броди“ кој останува во тимот. Тој се согласи на автоматско продолжување на договорот со кој ќе заработи 4 милиони долари во сезоната 2024/25.

Вестбрук имаше просек од 11 поени, 4,5 асистенции и 5 скока минатата сезона во најсилното кошаркарско првенство во светот.

 

Се вчитува...