Даку повторно бара прошка: Се срамам и се извинувам за тоа што го направив

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку го одбележа ова Европско првенство со скандалот кој го направи по мечот со Хрватска во кој јавно го навреди македонскиот и српскиот народ.

Во интервју за руските медиуми, Даку повторно се изјави од потегот кој го направи велејќи дека се срами поради тоа.

„По првиот натпревар против Италија, нашиот дефанзивец Хисај доби многу критики од навивачите и медиумите. По мечот со Хрватска сакав да му дадам поддршка и отидов со него на навивачката трибина, за навивачите да го прифатат, да го поддржат и да го споделат моментот на радост со него. Тогаш го зедов мегафонот и ги кажав тие зборови. Навивачите често си дозволуваат да упатуваат навредливи повици до навивачите на други земји и атмосферата ве зафаќа, тоа влијае на сите на стадионот. Тој меч имаше емотивна завршница, го постигнавме израмнувачкиот гол во последната минута и јас дебитирав на ЕП, емоциите беа многу големи. Но, тоа не ме оправдува. Веднаш потоа сфатив што сум направил: кажав несоодветни работи. Бев шокиран што дозволив да ме обземат емоциите и што си дозволив да правам такви работи“, изјави Даку. 

Се вчитува...