Кошаркарките до 18 години предводени од селекторот Горан Крстевски и неговите асистенти Методија Бешлиоски и Јана Петрова, денеска во малата сала на СРЦ „Кале“ го одработија првиот ден од подготовителниот период за настапот на континенталниот собир од „Б“ дивизија кој ќе се одржи во Плоешти, Романија од 2. до 11. август.
Првата фаза од подготовките ќе биде одработена во Скопје по што ќе следат пријателски натпревари против Босна и Херцеговина со можност да биде одгран и натпревар против Албанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА