Шпанската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство во Германија со убедлив триумф од 4-1 над Грузија и тоа по целосен пресврт со оглед на тоа што Грузиците беа тие кои го отворија натпреварот.
Новиот триумф на собирот на најдобрите репрезентации го прокоментира и селекторот на „црвената фурија“, Луис де ла Фуенте кој вели дека тој го има најдобриот тим и најдобрите играчи.
„Имаме најдобар тим и најдобри играчи. Следниот противник е моќен тим со одлични играчи, тоа ќе биде неизвесен натпревар. Изборивме пласаман меѓу најдобрите осум во Европа. Тоа што одредува дали сте силен тим е дали имате можност да веслате и буткате напред во вистинските моменти“, изјави Де ла Фуенте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА