Досегашниот десен бек на Работнички и младински репрезентативец Стефан Деспотовски е нов играч на молдавски Шериф Тираспол. Тој потпиша две годишен договор со овој тим.
Деспотовски во минатото беше дел од Графичар, а исто така и од младинските категории на Црвена Звезда.
„Пресреќен што станувам дел од вака голем и сериозен клуб кој што во минатото има настапувано во групната фаза во Лигата на Шампионите. Голема благодарност до сите оние кои што се заслужни за овој трансфер, благодарност до мојот менаџер Александар Бајевски и пред се до мојот досегашен клуб ФК Работнички за досегашната укажана шанса”, рече Деспотовски.
За младинската селекција на Македонија одигра 18 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА