По голема драма и изведување пенали, фудбалерите на Португалија ја елиминираа Словенија во осминафиналето на Европското првенство.
Херој на Португалија е голманот Диого Кошта, кој го реши пенал-рулетот. Одбрани три пенали и стана рекордер на ЕП бидејќи никој пред него не успеал да одбрани три пенали на еден натпревар на континенталните шампионати.
Португалија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција која со 1-0 беше подобра од Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА