Поранешната ѕвезда на Голден Стејт Вориорс, Клеј Томпсон е нов член на Далас Маверикс. Клеј Томпсон доаѓа во Далас Маверикс и ќе биде соиграч на Лука Дончиќ, Кајри Ирвинг и другите под водство на Џејсон Кид.
Клеј Томпсон договори тригодишна соработка вредна 50 милиони долари, а последната година од договорот е опција на играчот. Станува збор за методот „потпишете и тргувајте“ каде Вориорси потпишаа договор со Томпсон и го испратија во Далас во замена за Џош Грин, кој потоа ќе биде разменет во Шарлот.
Легендарната генерација на „воините“ штотуку е растргната. Стеф Кари и Дрејмонд Грин остануваат во Сан Франциско, но ќе видиме до кога и тие ќе бидат „Воини“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА