Фудбалската репрезентација на Португалија славеше по изведување на пенали против Словенија со 3-0 и се пласираше во четвртфиналето на ЕП во Германија.
Кристијано Роналдо можеше да биде трагичар за својот тим бидејќи промаши пенал во продолженијата.
„Вакви моменти тешко се објаснуваат. Можев да донесам водство на тимот, но не го направив тоа. Облак одбрани, цела година не промашив пенал се до овој момент. Не погодив кога беше најпоитребно…Солзите? И најдобрите имаат вакви денови, тажен бев бидејќи на тимот му беше потребен гол. Го играм последното Европско првенство. Но, не сум трогнат од ентузијазмот. Ми беше жал за фановите, кога сум на теренот во овој дрес секогаш ќе го давам најдоброто. Во тешките моменти треба да преземете и одговорност. Беше навистина тешко, меѓутоа фудбалот е таков. На крајот победивме и заслуживме да сме помеѓу најдобрите осум“, изјави Роналдо.
Португалија во четвртфиналето на ЕП ќе игра против Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА