Кристијано Роналдо и неговите лоши игри на Европското првенство се една од главните теми за речиси сите светски медиуми.
Ситуацијата за еден од најпопуларните фудбалери на денешницата уште повеќе се влоши по промашениот пенал во осминафиналето против Словенија, кој на крајот за среќа не ја чинеше Португалија четвртфинале.
Британскиот јавен сервис Би-Би-Си направи потег за време на емитувањето што многумина го сметаат за несоодветен. Прикажувајќи клип од промашениот пенал на Роналдо, а на дното на екранот пишува – Мистијано Пеналдо.
Би-Би-Си со името на Роналдо направи кованица додавајќи го зборот „Мисс“ (промашување).
BBC is on it pic.twitter.com/ZacPyUsaS5
— Nathaniel Desmond Davies lll (@Nathan_Daviez) July 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА