Португалија по изведување пенали ја победи Словенија со 3-0 и се пласираше во четвртфиналето на Европското првенство.
Натпреварот заврши без голови по 120 минути игра. Португалија во четвртфиналето ќе се соочи со Франција, која со 1-0 ја победи Белгија.
Словенечкиот селектор Матјаж Кек доби црвен картон пред почетокот на второто продолжение и беше испратен на трибините од каде го следеше натпреварот до крајот. Инцидентот се случи откако италијанскиот судија Даниеле Орсато досуди пенал за Португалија на крајот од првото продолжение поради прекршокот на Вања Дркушиќ над Диого Жота.
Кек влегол на теренот и имал жестока расправија со Орсато, наводно допирајќи го неговиот помошник по рамото. Тоа беше доволно за Орсато да му покаже директен црвен картон на Кек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА