Новиот проект на богатото раководство од Обидинетите арапски емирати, кошаркарскиот клуб Дубаи на почетокот ќе функционира исклучително на балкански погон. По ангажманот на тренерот Јурица Големац се подготвува и официјализирањето на првите засилувања кои ќе дојдат од Србија, Хрватска и Словенија.
Големац во новата сезона се очекува да смета на најмалку два кошаркари кои ќе пристигнат од Партизан. Тоа се Данило Андушиќ и Алекса Аврамовиќ, а нив ќе им се приклучат и словенечкиот репрезентативец Клемен Препрелиќ, Немања Дангубиќ, Леон Радошевиќ и Алекса Ускоковиќ, пренесуваат српските медиуми.
Како потсетување, Дубаи во новата сезона ќе биде дел и од АБА лигата. Интересно, натпреварувањето овој тим ќе го започне со средба против бранителот на трофејот Црвена Звезда, a со оглед на имињата кои ќе го засилат тимот се очекува и да биде еден од конкурентите за шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА