Откако денеска се случи големо изненадување на женскиот турнир на Вимлбдон, беше елиминирана актуелната шампионка Маркета Вондрушова од Чешка, изненадувачки загуби во првото коло од Шпанката Џесика Бузас – Манеиро, се случи и првата сензација на машкиот турнир, откако шестиот тенисер Андреј Рубљов е елиминиран од Франциско Комесана.
Комесана, кој е 122 на АТП листата, ја оствари првата победа во оваа година на Грен слем турнирите. Комесана на крајот победи со 6:4, 5:7, 6:2, 7:5.
Дека Рубљов не е во форма, покажа и Ролан Гарос, каде беше елиминиран во третото коло. Тој ја одби поканата да учествува на Олимписките игри под неутрално знаме. Минатата година Рубљов стигна до 1/4 финалето на Вимблдон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА