Страшна вест доаѓа од Јужна Африка. Жак Фрајтак, поранешниот светски првак во скок во височина е пронајден мртов, откако бил прогласен за исчезнат.
Семејството пред неколку дена го пријавила како исчезнат, а за помош кон медиумите се обратила неговата естра Криси Луис. Фрајтан последен пат бил виден пред неколку недели, кога сред ноќ од неговата семејна куќа заминал со непознат маж, и после тоа му се губи секаква трага.
Потрагата по него добила несреќен крај. Полицијата го пронашла телото на 42-годишникот во западот на Преторија, а се сомневаат дека бил убиен.
Фрајтаг имаше ветувачка кариера. Беше дел од селекцијата на Јужна Африка на ОИ во Атина 2004, а и натаму еден до ретките спортисти кои освојуваше медали на светските првенства во јуниорска и сениорска категорија.
Пред 10 години имаше проблеми со законот, односно мина неколку дена во затвор поради поседување на дрога.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА