На сопругите и девојките на фудбалерите на германскиот национален тим им е забрането да влегуваат во просториите на репрезентацијата. Ова е одлука донесена од селекторот Јулијан Нагелсман после пласманот во 1/4 финалето на неговата репрезентација.
Нагелсман не сака играчите да бидат дефокусирани од тренинзите. ЗАтоа е оваа забрана на сила.
Според „Билд“, на почетокот на ЕВРО и во 1/8 финалето, на девојките и жените им било дозволено да ги посетуваат фудбалерите. Сепак, повеќе нема да им биде дозволено да влезат во тимскиот хотел, се додека Германија настапува на првенството.
Германија во 1/4 финалето ќе игра против Шпанија во Штутгарт, на 5. јули во 18:00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА