Meдведев по тешка борба во третото коло на Вимблдон

Рускиот тенисер Данил Медведев го преживеа второто коло и се пласираше во третата рунда на неофицијалното Светско првенство во тенис Вимблдон. Медведев имаше тешка задача против францускиот тенисер Александре Милер кој го победи по четири сета со 3-1 (6-7, 7-6, 6-4 и 7-5).

Данил Медведев за противник во третото коло во „Ол ингланд“ клубот ќе го има подобриот од дуелот меѓу Германецот Штруф и Кинезот Жанг.

Кај дамите пласман во следната рунда обезбедија Елини Свитолина, Кори Гоф и Барбора Крејчикова.

Се вчитува...