Кошаркарите на Хрватска откако синоќа одиграа неверојатен натпревар против Словенија, денеска неочекувано загубија од Нов Зеланд со 86-90 во меч од квалификацискиот турнир за ЛОИ во Париз кој се игра во Грција.
Со овој пораз на Хрватска, Словенија сега е во голем проблем бидејќи утре против Нов Зеланд ќе мора да слави со десет поени разлика како би успеале да влезат во полуфиналето на овој турнир.
Или со 18 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај Хрватите недоволна беше новата одлична партија на Зубац кој мечот го заврши со 29 поени и 16 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА