Македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски, заработи мала повреда на последниот тренинг со неговиот Хајдук поради која ќе мора да почека на својот деби настап под палката на Џенаро Гатузо.
Македонскиот репрезентативец се пожалил на болка во листот, по што медицинскиот тим решил дека е потребно време за мала пауза.
Крилниот напаѓач минатата сезона во дресот на сплитските бели постигна седум гола, надополнети со три асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА