Американскиот кошаркар Пи Џеј Доужер ќе се врати во НБА по сезоната помината во Партизан, пренесуваат американските медиуми. Доужер се согласи на едногодишен договор со Минесота, еден од најдобрите тимови во лигата во 2023-2024 година, а финансиските детали не се објавени.
Минесота минатата сезона беше најдобриот тим на Западот, а во финалето на конференцијата беше поразена од Далас. Доужер ќе се обиде да се наметне и да добие минутажа во тимот чија прва ѕвезда е Ентони Едвардс.
Данте Ексум минатата сезона го напушти Партизан во НБА лигата, по солидна сезона во Далас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА