Федерико Киеза би можел да го напушти Јувентус ова лето. Неговиот менаџер Фали Рамадани е во Рим, каде што преговара со челниците на Рома за негов трансфер во тој клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Клубот од главниот град е подготвен да плати отштета од 20 милиони евра. Киеза има договор до јуни 2025 година, па „старата дама“ не може да бара преголема отштета бидејќи подобро е да прифати секаква пристојна понуда отколку да заврши без ништо.
Новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота веќе го известил раководството на клубот дека сака нов играч на неговата позиција, па се чини дека деновите на Киеза во Торино се избројани. Овој крилен напаѓач за Јувентус одигра 131 натпревар на кои постигна 32 гола и 23 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА