Она што изгледаше незамисливо можеби пред месец и половина, сега стана реалност, откако Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Ерик Тен Хаг.
Иако „црвените ѓаволи“ под водство на Тен Хаг не успеаја да се квалификуваат во Лигата на шампионите, иако испаднаа во групната фаза, се чини дека освојувањето на ФА Купот беше доволно за да се сврти негативната кампања. Ако им се верува на зборовите на новопечениот спортски директор, Ден Ешворт, за оваа одлука им помогна и освојувањето на Лига купот претходната сезона.
Тех Хег потпиша договор на две години, а беа официјализирани и засилувањата во стручниот штаб. Тоа се неговиот сонародник и поранешен напаѓач на Јунајтед, Руд ван Нистелрој и Рене Хаке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА