Штипска Брегалница, без сомнение, максимално амбициозно посакува експресно враќање во Првата македонска фудбалска лига, по испаѓањето изминатава сезона.
Токму затоа се и серијата засилувања на тимот за настапите во Втората фудбалска лига. Нови засилувања на штипјани се Зоран Ивановски, Давид Стојков и Грегори Давков.
Зоран Ивановски во Штип доаѓа од Детонит Плачковица и игра на десната крилна позиција, Давид Стојков, кој е поранешен фудбалер на Беласица и Тиквеш, треба да ги засили одбранбените редови а левокрилниот дефанзивец Грегори Давков пристигнува од гевгелиски Кожуф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА