Еден од најдобрите македонски кошаркарски тренери Дарко Радуловиќ кариерата ќе ја продолжи во косовскиот шампионат откако беше официјализирано дека го презема Башкими.
Радуловиќ минатата сезона ја помина на клупата на Пелистер со кого стигна до финалето во плеј-офот од македонскиот шампионат каде беше поразен од актуелниот бранител на титулата МЗТ Скопје. Тој ќе го има својот кам-бек во тимот во кој го водеше во 2022 година.
Радуловиќ токму со тимот од Аеродром успеа да ја освои двојната титула во домашниот шампионат. Во кариерата Радуловиќ беше на чело и на Вардар и Хубнер Нирегиза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА