Шпанија без половина тим во полуфиналето на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство откако во четвртфиналето по продолженија славеа над домаќинот Германија со 2-1. Шпанците победија со голот на Мерино во 119. минута, но тие ќе имаат големи проблеми во полуфиналето против подобриот од дуелот меѓу Франција и Португалија.

Поради жолти картони селекторот Де Ла Фуенте нема да може да смета на Ле Норманд и Мората, црвен картон доби Карвахал, а исто така повреден е и Педри кој ќе го скокне настапот во овој дуел според досегашните најави.

 

Се вчитува...